Наместо снег, што е обичај досега, заврна дожд во Гренланд на надморска височина од 2.600 метри.
Ваквиот феномен се случува прв пат откако се вршени мерења.
Температурите на врвот на Гренланд за време на викендот се искачиле над нулата по трет пат за помалку од десет години, објави Си -Ен -Ен.
Топлиот воздух донесе силен дожд, кој испорача седум милијарди тони вода на површината на мразот.
Од американскиот Национален центар за снег и мраз (NSIDC) велат дека ова се најголемите врнежи на ледениот брег на Гренланд од почетокот на мерењата во 1950 година, а количината на ледена маса изгубена во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината.
Висок истражувач, научник на NSIDC на Универзитетот во Колорадо, рече дека ова е доказ дека Гренланд брзо се затоплува.