Амнестијата за осомничените за 27 април се направи само заради спроведување на Преспанскиот договор. Ова за РСЕ го изјави Зоран Начев, од Институтот за демократија. Според него, на овој начин Македонија се движи во спротивен правец, бидејќи, како што рече тој, владеењето на правото е еден од главните критериуми на земјите членки на ЕУ.
Но, Начев вели дека членството на Македонија во ЕУ зависи токму од спроведувањето на Преспанскиот договор.
Што се однесува до руското влијание во Македонија, Начев рече дека освен дезинформирањето на јавноста во врска со процесот од страна на руската влада и нејзините амбасадори, не гледа друга опасност. Според него, доколку се спроведе Преспанскиот договор, вратите на НАТО за Македонија ќе бидат отворени, и Русија потоа ќе нема можност да го блокира овој процес.
ИЗВЕШТАЈ: АРТАНУ НУХИУ