Македонија

Над 100 пријави по објавата на „Нечиста крв“ – Цветковска: Пријави пристигнуваат и за други приватни и државни клиники

Над 100 пријави по објавата на „Нечиста крв“ – Цветковска: Пријави пристигнуваат и за други приватни и државни клиники

Во јавноста одекна документарецот насловен „Нечиста крв“, објавен од страна на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) и МРТВ.

Се работи за документарец во кој се претставени судбини на семејства кои во екот на ковид пандемијата се лекувале во една од најголемите приватни клиники во Македонија.

По тој повод гостинка во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 е токму Сашка Цветковска, која е дел од новинарите кои го истражувале овој случај.

Ја прашавме кои се реакциите по објавата на овој документарец, по што Цветковска посочи дека има над 100-тина пријави, пратени само од граѓани од Македонија и Косово кои пак споделиле исти, идентични и слични искуства.

„Иако најголем дел од пријавите се однесуваат на оваа клиника, морам да напоменам дека стигаат пријави и за други приватни, како и државни клиники“, посочи Сашка Цветковска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни