1111 лица се лекуваат на Инфективната клиника и во Ковид центрите низ Македонија. Само 565 лица се хоспитализирани во последните 24 часа во целата земја. Во моментот има 90 слободни кревети а бројот постојано се менува зависно од приемот и отпуштањето на пациентите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 66 болни, а во Куманово 74. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 97 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 40, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 17 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.
Неделниот извештај на ИЈЗ покажува дека има пораст на бројот на заразени со корона вирус во споредба со минатата недела. Во овој период се регистрирани 7280 случаи во 35 градови низ земјата што е пораст за 25,5% повеќе во споредба со минатата недела. Најголемиот број на регистрирани случаи се во Скопје, 44.7%, а процентот на заразени изнесува 37% од бројот на тестирани.
Лица 60+ се најпогодени од 7280 случаи, неделава се заразени 1 543 лица или 21.2%
30-39 години со 19.9% или 1452 случаи
40-49 години со 19,3% или 1403 случаи
50-59 години со 19,2% или 1401 случаи
20-29 години со 15% или 1090 случаи
Најмалку случаи има кај децата
0-9 години 1,6% или 120 случи
10-19 години 3,5% или 252 случаи
Според извештајот, 3758 се мажи и 3522 жени. Исто така овој период се излечиле 3114 лица кои се лекувале во домашни услови што е за 852 повеќе од минатата недела. Регистриани се 127 смртни случаи во 22 града, што е повеќе за 41,1% во споредба со мината недела. Од смртните случаи 94 лица се на возраст нас 60 години.
.
