Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 7.174 тестирања, регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19.
Регистрирани сe 573 оздравени пациенти, а пријавени се дури 32 починати лица, меѓу кои и едно лице на возраст од 25 години од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на пандемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 6130, Тетово – 1884, Гостивар – 1066 и Куманово – 943.