Со почетокот на уписната кампања, учениците со завршено основно образование ќе можат да конкурираат за над 25.000 слободни места во средните училишта низ земјава. Најголем број слободни места се во средното стручно образование – 17.000, додека во гимназиското образование се околу 6.000. За учениците заинтересирани за уметнички струки, се резервирани 570 места.
Аплицирањето ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, а учениците ќе треба да се најават со своите кориснички сметки на schools.mk. За првиот уписен рок во јуни предвидени се две пријавувања – од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Вториот уписен рок ќе се одржи на 20 август.
Оваа електронска постапка за упис овозможува учениците да конкурираат брзо и без потреба од посебни посети на училиштата, со што се намалува и административната документација.
