Македонија

Над 260 амандмани за Предлог-буџетот за следната година

Над 260 амандмани за Предлог-буџетот за следната година

Во Собранието утре почнува расправата за Предлог-буџетот за следната година. Проектиран е раст на македонската економија од 2,9 насто и стапка на инфлација од 7,1 процент. Нивото на расходи е планирано да биде 4,6 насто од бруто домашниот приход. Дијалог, дискусија и различни ставови очекува власта, над 260 амандмани од кои 200 најавува ВМРО-ДПМНЕ, најголем дел барања за интервенции за зголемување на средствата за студентски оброк и во делот на проекти за развој на општините.

„Буџетот за 2023-та изнесува рекордни 5,3 милијарди евра, што се должи на високата инфлација оваа година, која ќе продолжи и во текот на идната година, покрај инфлацијата, државата планира да спроведе и т.н. даночна реформа, со која ќе се зголемуваат даночните стапки кај данокот на личен доход, ДДВ и данокот на добивка. До овој момент Владата ништо конкретно нема доставено до Собранието, што претставува сериозен проблем поради неизвесноста во која се наоѓаат стопанствениците“, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни