Надежта за успехот на Преспанскиот договор: Иванов не го декретираше, а годинава очекува покана за влез во НАТО

Голема надеж за заживување на Преспанскиот договор во 2019 година. Го извлековме најдоброто, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за МИА. Меѓутоа тој додава дека сега одговорноста за заживување на овој договор се префрли во Собранието на Македонија.

„Со тоа одговорноста се префрли во Собранието, создавајќи дополнителен предизвик и обврска при обезбедувањето политичка поддршка за Договорот, да не се загрозат други суштински принципи – исто толку неопходни за иднината и европските перспективи – како што се правдата и одговорноста. Таа линија е тенка, но клучна и суштинска. Моментот е историски и наметнува потреба од голема мудрост, одговорност и визија од сите засегнати чинители да го препознаат и да ја сторат вистинската работа.“, изјави Димитров за МИА.

Се вчитува...

Овие надежи ги засилува уште повеќе изјавата на претседателот Иванов. Се знае дека членството во НАТО, како што појасни и Јенс Столтенберг, е невозможно без успех на Преспанскиот договор. Собранието го усвои овој договор со 2/3 мнозинство, но Иванов не го потпиша, меѓутоа тој сепак вели дека оваа година Македонија конечно ќе добие покана за членство во НАТО.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата новогодишна порака до Грците изрази убеденост дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван од грчкиот Парламент, со што ќе се затвори 30 годишен непродуктивен циклус, кој многу ја чинеше Грција.  Со ратификацијата на договорот, Грција конечно го заштитува големото културно наследство и грчкиот карактер на Античката Македонија и во исто време ја обезбедува својата водечка улога во поширокиот регион на Балканот – рече грчкиот премиер во неговото обраќање до граѓаните.

Репортер: Бесир Арифи

Извор: ТВ21