Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот Брент денес порасна на над 103 долари за барел, по извештаи во медиумите дека САД пресретнале најмалку три ирански танкери со нафта во азиските води. Тоа ја зголемува неизвесноста на пазарите и ги засилува стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток нема наскоро да заврши.
Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта пораснала за 1,31 отсто на 94,213 долари, додека нафтата Брент се зголемила за 1,39 отсто на 103,304 долари.
Европските фјучерси за гас за мај на отворањето на амстердамската берза TTF се тргувале по цена од 44,110 евра за мегават-час.
Европските берзи бележат нерамномерно движење. Акциите на компаниите „Nokia“ и „L’Oréal“ пораснале по добри квартални резултати, додека шведскиот производител „Saab“ забележал пад по послаби нарачки во првиот квартал од 2026 година, пренесува CNBC.
Вредноста на еврото во однос на доларот денес изнесува 1,17031 долар.
Индексот на Франкфуртската берза DAX паднал за 0,38 отсто на 24.113,50 поени, британскиот FTSE 100 за 0,46 отсто на 10.430,72 поени, додека францускиот CAC 40 пораснал за 0,36 отсто на 8.186,17 поени, а московскиот MOEX за 0,33 отсто на 2.770,48 поени.
На девизниот пазар Foreks, еврото се тргува на ниво од 1,17031 долар.
Цената на златото паднала на 4.712,66 долари за унца, додека цената на пченицата пораснала на 6,0376 долари за бушел (27,216 килограми).
Американските берзански индекси бележат раст. Dow Jones Industrial Average пораснал за 0,69 отсто на 49.490,03 поени, S&P 500 за 1,05 отсто на 7.137,90 поени, а Nasdaq Composite за 1,64 отсто на 24.657,57 поени.
