Кога СДСМ беше во опозиција беше против играта “Фискална во рака, награда без мака“, на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, денеска новата министерка за финансии предложи наградната игра “Мој ДДВ, мој подарок“. Тврди дека овој проект не е сличен на тој од минатата влада.
Со скенирање фискалните сметки преку апликацијата “Мој ДДВ“, граѓаните ќе можат да освојат и други парични награди, рече Нина Ангеловска. Оваа наградна игра ќе ја спроведува Државна Лотарија на Македонија во соработка со Министерството за финансии. Наградите ќе бидат парични, каде ќе се употребат 30 милиони денари пари од буџетот. Наградната игра ќе почне кон крајот на ноември. Инаку до сега 150 илјади граѓани ја искористиле апликацијата Мој ДДВ и од Министерството за финансии велат дека целта на играта е да ја зголеми културата за земање фискални сметки.
