Познатиот Тони Бенет го прослави својот 95-ти роденден и по тој повод најави втор албум дуети со Лејди Гага.
„Кога го објавивме ’Cheek To Cheek‘ во 2014 година, Тони Бенет ми се јави и ме праша дали сакам да снимам уште еден албум со него, со песни на Кол Портер. Секогаш ми е чест да пеам со мојот пријател Тони и секако ја прифатив поканата. Денес сум горда што може да објавам дека нашиот нов албум ’Love For Sale‘ ќе биде објавен на 1 октомври”, напиша Лејди Гага на Твитер.
Инаку, песните се снимале две години, а објавувањето беше најавено како последен албум на Бенет, бидејќи тој на почетокот на оваа година откри дека му била дијагностицирана Алцхајмерова болест уште во 2016 година.
Во месец февруари дури и се појавија наводи дека Бенет сѐ уште ги препознава блиските, и не покажува знаци на страв, лутина или депресија, што се вообичаени обележја на неговиот облик на деменција, но, тешко му е да идентификува предмети од секојдневниот живот.
И покрај сѐ ова, Бенет и Гага настапија заедно и повторно ќе пеат денес во њујоршката „Рејдио сити“ музичка сала.
Двете вечери насловени „За последен пат: Тони Бенет и Лејди Гага“ беа целосно распродадени.
