Македонија

Најавени рестриктивни мерки за невакцинираните – Филипче: Ако не се вакцинирате, немаме друг избор

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека доколку граѓаните не се вакцинираат уште еден месец, од септември нема да можат да вршат одредени активности.

„Нема друг избор за да го заштитиме јавното здравје на граѓаните. Видовте какви рестрикции, како полициски час и други мерки, имавме минатата година“, изјави министерот Филипче.

Тој вели дека доколку дојде до воведување на забрани тие ќе се однесуваат само на невакцинираните граѓани, како за децата така и за возрасните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни