Едно лице загина, а четворица се повредени во пукање пред клуб во Хјустон рано утринава.
Локалните власти веруваат дека нешто по 2 часот по локално време, вооружени лица излегле од возило и отвориле оган врз луѓето на паркингот во клубот, изјави шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес. „Се чини дека овде биле испукани над 50 истрели, што е многу страшна ситуација“, рече Гонзалес.
Се чини дека е користена најмалку една автоматска пушка „Калашников АК-47“, рече шерифот. „Тоа е прилично моќна работа што ја гледаме овде на улица“, рече тој.
Гонзалес рече дека двајца мажи и три жени се повредени. Еден од мажите починал, а состојбата на другите засега не е позната.
Полицијата соопшти дека трага по пукачите, кои се уште не се идентификувани.