Најмалку 100 луѓе загинаа во вчерашниот напад со беспилотни летала на воена академија во градот Хомс во централна Сирија, објави Ројтерс.
Тоа е еден од најсмртоносните напади врз сириска воена единица и единствен од ваков вид во однос на употребата на беспилотни летала вооружени со експлозив во земјата.
Сирија е распарчена од граѓанска војна веќе 12 години .
Сириското Министерство за одбрана информираше дека меѓу жртвите има и цивили и воен персонал, додавајќи дека слични беспилотни летала користат терористички групи.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.