Свет

Најмалку 7 лица загинаа за време на протестите во Перу

Најмалку 7 лица загинаа за време на протестите во Перу

Најмалку седум лица загинаа за време на протестите во Перу. Илјадници приврзаници на соборениот поранешен претседател Педро Кастиљо продолжуваат да протестираат против новата влада во Лима.

Уште еден ден демонстрациите ескалираа и дојде до судири со полицијата. Десетици луѓе се повредени, а многумина се уапсени. Еден од повредените бил пренесен во болница во тешка состојба, откако бил погоден со солзавец употребен од полицијата.

Кастиљо беше сменет од функцијата и обвинет за обид за државен удар откако се обиде да го распушти парламентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни