Свет

Најмалку еден загина, а шестмина се повредени, меѓу кои и едно дете, во нападот во Киев

Најмалку еден загина, а шестмина се повредени, меѓу кои и едно дете, во нападот во Киев

Најмалку едно лице загина, а најмалку шест се повредени, меѓу кои и едно 7-годишно девојче, во вчерашното руско гранатирање на Киев.

Нападот беше и најсериозниот против главниот град во последните неколку месеци и се совпадна со почетокот на самитот на Г7 во Германија.

Според Москва, вчера биле погодени центри за воена обука во градовите Чернихив, Житомир и Лавов. Во исто време, Канада испрати два воени брода во Балтичкото Море и Северниот Атлантик како дел од зајакнувањето на источното крило на НАТО.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни