Најмалку осум загинати, а 30 се повредени откако автомобил-бомба експлодира во центарот на Кабул.
Експлозијата се случи во реонот Шаш Дарак, во Зелената зона, каде е лоцирана и авганистанската разузнавачка служба – Национална дирекција за безбедност.
Се уште никој не презеде одговорност за нападот.
Тоа е втора експлозија што ја потресува престолнината на Авганистан за само неколку дена. Во понеделникот во самоубиствен напад на талибанците во Кабул беа убиени 16 лица, а 119 беа поврдени.
Нападите се случуваат додека САД и талибанците преговараат за повлекување на американските војници од Авганистан доколку талибанците се придржуваат кон своите обврски односно на териториите под нивна контрола нема да дејствува Ал Каеда и други терористички групи.
Во Авганистан во моментот се распоредени од 13.000 до 14.000 американски војници.