Свет

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 440 се повредени во земјотрес во Иран

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 440 се повредени во земјотрес во Иран

Најмалку три лица загинаа, а над 440 лица се повредени во земјотресот што се случи синоќа во северозападниот дел на Иран , јави ДПА.

Оштетени се многу згради во десетици градови. Потресот се случил нешто пред 22 часот во провинцијата Западен Азербејџан, во близина на границата со Турција, според податоците на Иранскиот сеизмолошки центар во Техеран.

Според центарот, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени, а неговата длабочина била 7 километри.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар  , земјотресот бил почувствуван и во Турција, Ирак, Ерменија и Република Азербејџан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни