Ковид центрите функционираат со намален број на кадар бидејќи за само 14 дена над 1.000 здравствени работници се најдоа на листата позитивни на Ковид-19, објави Сител.
Повеќе од 80 заразени во моментот има во ГОБ 8ми септември, дваесетина на Инфективна а голем број лекари, сестри и болничари отсуствуваат и од штипската болница.
– Имаме за жал и од медицински кадар кој е отсутен и е дома во изолација. Дваесетина а еве денеска уште тројца. Тоа се одразува на работата, останатиот персонал го преоптеретуваме мeѓутоа се обидуваме да излеземе во пресрет на сите. Тешка е ситуацијата но се обидуваме да се бориме со тоа, вели д-р Ален Ѓеоргиев директор на Клиничка болница – Штип за Сител телевизија.
Во моментот на болничко лекување има 579 пациенти. Од утринава кожно повторно ги отвори вратите за ковид болни. Веќе хоспитализирале неколкумина со компликации од вирусот а од утре во функција ќе бидат и капацитетите на неврологија.