Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна на 3,8 отсто во јануари од 5,5 отсто во декември, покажаа најновите статистички податоци.
Инфлацијата во Унгарија сега е најниска од март 2021 година, пренесува Танјуг.
Цените на храната се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 4,8 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, зголемувајќи се за 8,1 отсто во јануари наспроти 10,3 отсто во декември.
Во услужниот сектор, исто така, е забележано забавување на растот на цените на годишна основа, на 10,4 отсто од декемвриските 12,4 отсто.
Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија падна на 6,1 отсто од декемвриските 7,6 отсто.
На месечно ниво цените се зголемени за 0,7 отсто во однос на декември, но облеката и обувките поевтинуваат за 2,1 отсто.