Најнова временска анализа: Се спушта студена и влажна воздушна маса која ќе ни донесе снежна покривка

Од утре, па во текот на следните денови територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на серија на влажни воздушни бранови предизвикани студена воздушна маса.

Во текот на вечерта како и во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе се формира снежна покривка, таму кај што веќе истата ја има ќе се зголемува. Не е исклучено снег да има и на некои пониски места.

Се вчитува...

Снежната граница има услови да се спушти до околу или малку под 1000 метри надмоска височина.

Потоа в недела ќе имаме претежно суво време додека во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка ќе се зголемува, врнежите ќе продолжт и во понеделник но со тоа што услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, провејување на слаб локален снег ќе има и во вторник додека температурите значително ќе се спуштаат и минималните ќе се движат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Нов влажен бран треба да очекуваме в четврток и овој пат треба да услови врнежи претежно од снег и на пониските места.

Најверојатно ни пристигнува вистинската зима на време, и можно е со снег да ја дочекаме новата година, останете со нас и ќе бидете во тек со сите временски анализи.