Вишото јавно обвинителство во Зајечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена, потврдија за Танјуг во тоа обвинителство.
Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и нарушување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д., под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации ги привела С.Ј и Д.Д од Бор, кои се сомничат дека со автомобил ја удриле девојчето, а потоа го ставиле телото во багажникот на автомобилот и го однеле до депонијата.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено, јавува Танјуг.
