Најпопуларната серија на Нетфликс можеби ја гледаме со погрешен превод

Squid Game во моментов е најпопуларната серија на Netflix, и можно е да ја гледаме со погрешен превод.

Корејската серија Squid Game го освои светот и за кратко време стана најгледаната содржина на стриминг услугата Netflix, но можно е генијалноста на сценариото да не стигне до повеќето гледачи целосно поради погрешниот превод.

Имено, американскиот комичар со корејско потекло, Јангми Мејер, ги посочи грешките во преводот на англиски јазик за Squid Game на Netflix на социјалните мрежи, пренесува Total Film.

Таа зеде за пример сцена во која ликот Хан Ми-нјео ја изговара реченицата на корејски: „Јас сум многу паметен, но никогаш немав можност да учам“.

Таа реченица, како што посочи таа, ги покажува класните разлики во корејското општество каде што многу надарени луѓе од посиромашните слоеви немаат можност да се образуваат поради недостаток на пари.

Меѓутоа, во преводот на англиски се наведува: „Јас не сум гениј, но можам да го решам“, што, според Мејер, целосно го менува значењето на дијалогот.

Има решение за овој проблем, пишува Total Film. Имено, ако ја следите серијата со превод на англиски јазик, при изборот на превод, изберете „ English“ наместо „English CC“.

Споменатата реченица потоа гласи: „Никогаш не сум учела, но сум неверојатно паметна“, што е многу поблиску до оригиналниот дијалог.

Имено, преводот „English CC“ се потпира на синхронизација на англиски јазик, додека преводите English“ се превод на оригиналниот дијалог на корејски.

Squid Game во моментов е една од најпопуларните серии во светот, и следи група на несреќници во долгови, кои беа избрани од мистериозна организација да се натпреваруваат на смртоносен турнир составен од разни детски игри.