Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -12 степени, во Берово и во Маврово се измерени -10, во Скопје-Петровец и Крушево -7, во Демир Капија -6, во Битола, Штип, Куманово и Kрива Паланка -5, во Струмица, Тетово, Охрид, Претор и Гевгелија -4, во Прилеп и Дебар -3, во Скопје-Зајчев Рид и Дојран -2. Во Виница се регистрирани -1 степен, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има и најмногу снег 45 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 34, а во Маврови Анови 29 сантиметри.

Времето денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни