Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Најстудено на Попова Шапка и во Маврово

Минусни температури утрово во 7.30 часот се измерени на Попова Шапка (-7), во Маврови Анови (-5),  Крива Паланка и Kрушево (-3), Охрид (-2) и во Претор (-1).

Нула степени се измерени во Тетово, Битола, Струмица, Берово и Дебар, 1 степен во Скопје-Петровец и Демир Капија, 2 во Прилеп, Штип, Виница и Куманово, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, 5 сетепни во Дојран и 7 во Гевгелија.

До 7 часот највисока снежна покривка има на  Попова Шапка (17 сантиметри) и 3 сантиметри во Маврови Анови.

УХМР за денеска прогнозира сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, повремено со брзина над 60 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни