Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка и во Берово, измерени минус два степени

Најстудено утрово на Попова Шапка и во Берово, измерени минус два степени

Утринава во Македонија се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка и во Берово со -2 степени. Температура од 1 степен е регистрирана во Маврови Анови, Крушево, Ѓуриште и Демир Капија, додека 2 степени се измерени во Лазарополе, Охрид, Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип и на скопскиот аеродром Петровец.

Во Претор се измерени 3 степени, во Кавадарци и Тополчани 4, додека 5 степени имало во Тетово, Прилеп, Пожаране и Гевгелија. Најтопло утринава било во Куманово и Виница со 6 степени, како и во Скопје-Зајчев Рид и Велес каде се измерени 7 степени.

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени 57 сантиметри снег.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а максималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, додека дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни