Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени -7 степени

Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени -7 степени

Утрово во земјава се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -7 степени Целзиусови. Под нулата се и Берово и Крушево со -3, како и Маврови Анови со -2 степени.

Температура од 1 степен е измерена во Охрид, Крива Паланка, Претор и Битола, додека 2 степени се регистрирани во Тетово, Прилеп, Струмица и Штип. Во Скопје, на мерните места Зајчев Рид и Петровец, како и во Куманово и Виница, утринската температура изнесувала 3 степени. Малку потопло било во Кавадарци и Демир Капија со 4 степени, во Велес со 5, а најтопло утрово било во Гевгелија со 7 степени.

На Попова Шапка е измерена и најголема висина на снежна покривка, која достигнува 58 сантиметри.

Според најавите, времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 15 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни