Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени минус девет степени


Минималните утрински температури денеска се движат во интервал од -9 до 6 степени, при што најстудено е измерено на Попова Шапка со -9 степени. Во Крушево се измерени -4, а во Берово и Маврови Анови -3 степени. Температура од -2 степени е регистрирана во Битола, додека во Охрид и Претор е -1. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Крива Паланка и Прилеп.

Во источните и јужните делови од земјава утринските температури се нешто повисоки, па така во Штип и Виница се измерени 2 степени, во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци 3, во Демир Капија 4, во Струмица 5, а најтопло утрово е во Гевгелија со 6 степени.

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде се измерени 59 сантиметри.

Според најавите, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на попладнето се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи меѓу 9 и 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во одделни делови од котлината повремено ќе засилува. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 15 степени.