Утрово најстудено во земјава било во Берово каде се измерени -5 степени, додека минусни температури имало и на Попова Шапка со -1 степен. Нула степени се регистрирани во Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, а 5 степени се измерени во Гевгелија, која е најтопла утрово.
Според мерењата, 1 степен е измерен во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово, 2 степени во Претор, Штип, Прилеп и Велес, 3 во Крушево, Кавадарци, Куманово и Виница, додека во Скопје-Зајчев Рид се измерени 5 степени.
Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 24 степени.
