Најстудено утрово во Берово

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на повеќе места атмосферата ќе биде нестабилна. Според најавите, локално се очекува пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, а краткотрајно можна е и појава на невреме.

Утринските температури беа најниски во Берово каде се измерени 4 степени, додека 6 степени имало во Лазарополе, Попова Шапка и Маврови Анови. Во Струмица, Охрид, Крушево и Претор се измерени 8 степени, а 9 степени во Крива Паланка, Битола, Тетово, Скопје-Петровец, Демир Капија и Прилеп.

Се вчитува...

Во Гевгелија, Штип, Велес, Кавадарци и Куманово утрово биле измерени 10 степени, додека најтопло било во Виница и Скопје-Зајчев Рид со 11 степени.

Во главниот град времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од Скопската Котлина ќе има услови за грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне до 21 степен.