Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Берово -3, на Попова Шапка -2 и во Дебар -1, нула во Скопје-Петровец, Битола, Претор, Охрид, Тетово, Крива Паланка, Струмица. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Дојран, соопшти УХМР.

Во Маврови Анови наврна најмногу снег, 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 27, а во Крушево пет сантиметри.

Во првата половина од ноќта беше малку до умерено облачно, а изутринава е променливо облачно. Дува слаб до умерен, а во Штип засилен ветер претежно од северозападен правец, кој достигнува брзина до 60 километри на час.

Во раните претпладневни часови во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста постепено ќе се намалува и попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од од 12 до 20 степени.

Во Скопје, претпладне умерено до значително облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни