Најстудено во Маврови Анови – Крушево со најмногу снег

Со -5  степени Маврови Анови изутринава е со најниска температура во државава, по што следат со  -4 Попова Шапка, -2 Крушево и со -1 Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран.

Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, 12 во Ѓуриште, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.

Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28,  Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, Струмица и Скопје-Петровец, со 18…

УХМР информира дека утринава во Прилепско има удари од северен ветер и до 40 километри на час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.

За денеска најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи претежно од снег. На југоистокот врнежите од повремен дожд ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје облачно особено попладне со повремен снег. Ќе биде ветровито со повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Поврзани вести

Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во...

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на Република Бугарија. На средбата беше истакнато дека...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време...

Еве што се собира прашина во вашиот дом

Време е за општа заштеда, и без разлика од кој извор на нередот, оваа листа ќе ви помогне да го елиминирате она што не ви треба, за да можете да направите простор...

Најважното

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...

Ковачевски и Петков: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“,...

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено

Сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на...

718 нови случаи на ковид-19 – пријавени се 22 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.044...