Не мора да трошите пари на скапи украси за Нова година, туку направете ги најубавите новогодишни аранжмани од работите што веќе ги имате во куќата.
Од алуминиумска фолија можете да направите сребрен аранжман кој одлично ќе се вклопи на празнична маса или на полица во вашиот дом!
Потребна ви е поцврста хартија која треба да ја свиткате во некаква форма, а потоа да го завиткате со алуминиумска фолија. Направете три такви украси, и дополнителнa декорација се топчиња кои лесно можете да ги направите од фолија.
Од фолијата можете да направите повеќе детали, како на видеото, а доколку ви изгледа монотоно, украсете го аранжманот со мониста, украси за елка или цвеќиња.
Целиот процес на правење погледнете го во видеото подолу!
