Намален бројот на учениците во прва година! Се затвори една паралелка во гимназијата „Дрита“ во Кичево

Новата наставна година 2024/25, во гимназијата Дрита во Кичево, почна со една паралелка помалку, поради намалениот број на запишани ученици. Во прва година се запишани 136 ученици. Дури и МОН побара од 5 паралелку да се затвараат 2, но со инсистирање на општината, укината е само една паралелка и сега останале 4 паралелки.

„Оваа година имаме една паралелка помалку во смерот гимназија, според конкурсот беа предвидени пет паралелки во смерот гимназија и четири во стручните насоки, но МОН првично ги поништи две паралелки, но со инсистирање на општина Кичево и неколку средби кои ние ги имавме како Управа со зм.министерот за образование, успеавме една паралелка да вратиме. Тоа се случува како последица на намалувањето на бројот на ученици иако оваа учебна година нема разлика во бројот на ученици од претходната година.“, изјави директорот Фестим Ахмети.

Поради намалувањето на бројот на паралелки постои ризик наставниците да останат без работа, но моментално намален е само бројот на наставни часови.

„Овозможивме во двата случаи да имаат 4 паралели во прва година со единствена цел наставниот кадар исто така да има целосен фонд и да не се создава технолошки вишок но не и 5 паралели, ова е резултат на недостатокот на ученици. Ова е проблем кој ние како општество ќе треба да го решиме.“, изјави Љулзим Алиу, заменик министер за образование.

Кичевската Гимназијата моментално брои вкупно 540 ученици. За недостигот на учебници, директорот Ахмети изјави дека поголем недостиг има кај стручната насока, во медицината и електротехниката, а се очекува тие учебници да ги добијат до средината на септември.