Македонија

Намалена видливост во Кичево, Битола, Делчево…

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Кичево, Битола, Павлешници, Смојмирово и  Делчево, соопштуваат од АМСМ.

Токму од тука се препорачува внимателно возење на патиштата во овие места. Инаку сообраќајот во Македонија се одвива без забрани и ограничувања. Од АМСМ уште еднаш апелираат на поседување зимска опрема во возилата.

 

Извор: ТВ21