Македонија

Наместо 50%, земјоделците во Македонија ќе добиваат и до 100% поддршка за зелена нафта

Наместо 50%, земјоделците во Македонија ќе добиваат и до 100% поддршка за зелена нафта

„Мерката зелена нафта е уште една мерка која ја креиравме за поддршка на земјоделците и која даде резултат“, рече во своето гостување на јавниот сервис Министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Оваа година сите земјоделци добиваат 50% поддршка за зелена нафта, а со законските измени кои ги направивме овозможивме оваа поддршка да достигне до 100%. АФПЗРР веќе започна со распределбата на новите картички за зелена нафта, до над 49.807 земјоделци со вкупен износ на поддршка од 10,7 милиони денари.
Како министерство посветено креираме мерки и политики преку кои ги поддржуваме земјоделците, ги намалуваме нивните трошоци за производство и ги мотивираме да остварат поголем принос“, додаде министерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни