На прашањето зошто масовното вакцинирање не почна уште овој викенд, тој одговори дека му пристапуваат внимателно на процесот, затоа е и денешната симулација за текот и координацијата, но дека кога ќе профункционира, вакцинирањето во салата ќе се одвива седум дена неделно, а термините дневно ќе се зголемуваат како што ќе пристигнуваат нови количини вакцини.
„Битно е да се постави системот, за кога ќе тргне, проблемите да се минимизираат“.
изјави Венко Филипче – министер за здравство.
Одговарајќи на прашање за барањето оставка од него од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која и денеска организира протест пред Министетството за здравство, Филипче апелираше да бидат конструктивни.
„Ние даваме се од себе. Ако не помагаат, барем да не одмагаат“.
додаде министерот за здравство Венко Филипче.
Соопшти дека овој месец ги очекуваме и останатите дози вакцини и секоја количина, рече, точно ќе се знае каде ќе оди. За вакцините на „Астра Зенека“ се чека официјална одлука од Бордот на ЕМА. Засега се аплицира само кај постари граѓани и досега официјално не е пријавен ниту еден несакан ефект, исто како и од другите вакцини што се даваат. Единствен проблематичен случај е со 28-годишната девојка кај која се појавила тромбоза на вена на окото по примањето на „Астра Зенака“.