Македонија

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

Напад од кучиња скитници во Гостивар, 19-годишна девојка тешко повредена!

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера утрото, во 08:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека во Медицинскиот центар Гостивар со тешки телесни повреди била примена 19-годишната А.О. од Гостивар.

Според пријавеното, инцидентот се случил додека девојката се движела по улицата „101“, кога била нападната од кучиња скитници. Во обид да избега, таа паднала и при падот се здобила со повреди.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни