Свет

Нападите врз израелските бродови во Црвеното Море ќе продолжат по американските напади, увери претставникот на Хутите

Нападите врз израелските бродови во Црвеното Море ќе продолжат по американските напади, увери претставникот на Хутите

Главниот преговарач за јеменските Хути денеска изјави дека позицијата на групата останува непроменета по воздушните напади предводени од САД и предупреди дека нападите врз бродовите кои патуваат за Израел ќе продолжат, пренесе Ројтерс.

„Нападите против израелските бродови и оние кои се упатуваат кон брегот на окупирана Палестина ќе продолжат“, изјави Мохамед Абдулсалам за Ројтерс.

Тој додаде дека барањата на групата сè уште имаат за цел да се стави крај на израелската офанзива во Појасот Газа и да се обезбеди пристап до хуманитарна помош на север и југ од енклавата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни