Попладево бил нападнат лекар од Клиниката за токсикологија. Тој се здобил со повреда на окото и неколку хематоми и расекотини, при што бил пренесен во Ургентен центар, од каде бил пуштен дома.
Се вчитува...
Лекарот наводно бил нападнат од родител на малолетно дете, кое наводно одбил да го прегледа, притоа неофицијално го упатил на педијатрија.
Случајот бил пријавен во полиција, која излегла на местото на настанот.
Против родителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
.
