Наредено итно слетување: Почина маж на летот од Бугарија до Ливерпул!

Еден патник починал откако му се слошило на летот од Бугарија до Ливерпул. Поради тоа, авионот принудно слетал во Келн.

Летот на „Џет2“ LS3214 тргна од Бугарија и се упати кон Британија нешто околу 13 часот во понеделникот, соопштено е денес. Околу два часа по летот, екипажот прогласи вонредна состојба поради здравствената состојба на човекот во авионот. Пилотот побарал пренасочување и „боингот 737-800“ принудно слетал во Германија по, како што пишува „Дејли мејл“, брзо спуштање. Мажот наводно доживеал акутен срцев удар и покрај напорите на екипажот, патникот починал.

Авионот застанал во оддалечен дел од аеродромот во Келн и на местото на настанот дошла брза помош.