Народната банка склучи договор за печатење на книжни пари со апоенска вредност од 100 денари со француската компанија Oberthur Fiduciaire, една од реномираните европски фирми во областа на изработка на безбедносни документи и банкноти.
Вредноста на договорот изнесува 59.800.000 денари, односно околу 972.358 евра.
Се вчитува...
Со овој договор се обезбедува континуирано снабдување со нови банкноти, во согласност со потребите на готовинскиот промет и стандардите за квалитет и безбедност на паричните средства.
