Народните протести во Тетово во 1968 објавени во книга по повод 50 годишнината

1968 година потсетува на емоционални, но и гордливи моменти, беше време кога низ целиот свет се случуваа протести за слобода, демократија и подобри услови за живот, но во Тетово во тоа време се бараа конкретни права, “слобода и национална рамноправност во просториите на поранешна Југославија“ . Настанот се отвори со зборовите “Секој од нас е на еден начин поврзан со настаните на 1968 во Тетово“.  Дирекоторот на Институт за Албанско духовно и културно наследство, воедно и еден од авторите на оваа книга, Скендер Асани, потсети на историсикте настани на Албанците во Балканот, за неправдите кон Албанците во времето на Југославија и обидите на тогашниот режим за отстранување на албанскиот народ од овие области, и отпорот на Албанците во тоа време.

„Јас велам дека настаните од 1968 година во албанската исто-графија се клучен елемент на отпорностa  и сублимацијата со независноста на Косово, со авансирањето на Албанците на Македонија, со членството на Албанија во НАТО и отворањето на евроинтеграцискиот процес и европскиот концепт за отстранување на границите и реализирањето на албанскиот сон“, вели Скендер Асани – директор на институтот за албанско духовно и културно наследство.

Се вчитува...

За Министерот за Образование, Арбер Адеми, ова е голем ден за сите Албанци во Македонија. Тој исто така посочи борбата на тогашните интелектуалци кои го кренаа гласот против неправдите, беа темел за градење на натамошните идеали и општествените политиките на Албанците во Македонија.

„1968 година беше времето кога Албанците од овие области, поттикнати од студентите и тогашните интелектуалци се охрабриа јавно да ги прикажат нивните легитимни барања. Масивните протести на албанскиот народ во Тетово пред 50 години, беа удар брз тогашниот режим кој не ги почитуваше народните права на Албанците кои беа гарантирани и во уставот на тоа време“, додава Арбер Адеми – министер за образование.

Промоцијата беше по повод 50 годишнината од Народните протести во Тетово,  беше промовирана и книгата “ Народните протести од 1968 година во Тетово“ објавена од Институт за Албанско духовно и културно наследство, составена од група автори.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21