Балкан

Населението во Србија се намалило за повеќе од 835.000 луѓе за 20 години

Населението во Србија се намалило за повеќе од 835.000 луѓе за 20 години

Во последните 20 години населението во Србија е намалено за околу 835.500 лица или за девет отсто, покажуваат најновите податоци на Српскиот републички завод за статистика.

„Проценетата популација на Република Србија во 2022 година е 6.664.449 луѓе . Проценката се базира на резултатите од пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година и резултатите од годишната статистика за природно движење и внатрешна миграција на населението. По пол, 51,4 отсто се жени (3.423.627 лица), а 48,6 отсто мажи (3.240.822 лица)“, се вели во вчерашното соопштение на српскиот завод за статистика.

Има се повеќе стари лица

Исто така, треба да се забележи дека бројот на жители на републиката е намален за 835.582 лица, односно од 7.500.031 во 2002 година на 6.664.449 во 2022 година.

„Процесот на демографско стареење на населението се манифестира во ниско учество на млади и високо и постојано растечко учество на стари лица во вкупното население. Според податоците за Србија во 2022 година, учеството на лицата над 65 години е 22 отсто , а до 15 години 14, 4 отсто“, се заклучува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни