Македонија

„Нашите одат во Германија, но и ние сме привлечни“ – Битиќи: Македонија почнува да увезува работна сила

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во изјава за медиумите истакна дека поради празнината на пазарот на трудот, и Македонија веќе почнува да увезува работна сила.

„Нашите одат во Германија, но и ние сме привлечни за луѓе од други земји. Платите кај нас се поконкурентни од земјите од каде што доаѓаат. Во градежништво имате сериозен број на турски граѓани, бидејќи платите во тој сектор се за негде 50 отсто повисоки од платите во Турција. Имате во ИТ-секторот од Индија и Пакистан. Увозот на работна сила е иминентен“, додаде вицепремиерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни