Наскоро судење за “Талир”, Кривичен го прифати обвинението на СЈО

Кривичниот суд го прифати обвинението на СЈО за случајот „Талир“кое се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и наскоро би требало да започне судењето.

Со ова обвинение опфатени се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети за делото „Перње пари“.

Се вчитува...

На Чингаровска нема да ѝ се суди поради  спогодбата со СЈО, бидејќи пред извсен период ја призна вина и доби условна казна затвор од две години. Оваа казна нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Извор: ТВ21