Со оглед на тоа дека базни станици за 5G се уште не се поставени, а по најавата на АЕК за такво нешто, проф. д-р Стојан Велкоски изврши мерење на базна станица за 4G при што констатира дека има зрачење. Во конкретниот случај каде го изврши мерењето наводно има неколку смртни случаи од канцер. Имало симптоми на разни болести, но никој не сакаше да зборува пред камера иако имале поднесено петиција пред да биде поставена. Зрачењето е многу поголемо во околината отколку на самиот објект каде е поставена базната станица.
Тој предупредува дека зрачењето од 5G може да предизвика, заборавање, намалување на имунитетот, стерилитет, леукемија и низа други несакани здравствени последици.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека покренале иницијатива за испитување на влијанието на 5G дигиталнита технологија на мобилна мрежа врз животната средина.
Професорот Велкоски смета дека во нашата држава не сме во можност да ги изведеме тестирањата за 5 G, како што се прават анализи во светот.
Мобилните оператори планираат поставување базни станици за 5G во нашата земја во текот на 2019 и 2020 година информираат од АЕК.
Базните станици се планира да се постават во густо населени места, во приградски подрачја и во рурални подрачја во Скопје, во Тетово, во Охрид, во Битола и во Струмица. Една од земјите која одби да инсталира 5Г технологија е Белгија, а официјалните аргументи се објавени преку министерката за животна средина Селин Фремо, која јасно порача на ЕУ- “одбиваме нашите граѓани да бидат експертиментални заморчиња”. Германија најави дека ќе преземе дополнителни целосни контроли, тестови и проверки на 5Г технологијата, со што очекува да ја зајакне својата безбедност. Австралија забрани кинеските продавачи да обезбедуваат опрема за 5G мрежите, додека Јапонија ја наведе загриженоста за безбедноста и ги убедија операторите да ја исклучат Huawei или ZTE опремата во нивните 5G мрежи. АЕК не располага со информации дека некои високоразвиени земји ја забраниле 5G технологијата. Напротив, сите европски држави подготвуваат план за развој на 5G технологија во согласност со Дигиталната Агенда на ЕУ.
РЕПОРТЕРКА:АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА