Македонија

Наставниците неодлучни дали се согласуваат со 10% покачување, Адеми задоволен со неговата плата како професор

Министерот, Арбр Адеми, кој истовремено е и универзитетски професор, вели дека е задоволен со досегашните покачувања на платите.

Колку и да е висока платата, никогаш не е доволна, рече првиот човек на Синдикат за образование, наука и култура.

Меѓутоа наставниците и професорите засега не се задоволни со платите. Се сретнаа повторно со министерот Адеми и побараа од него нивните барања да ги пренесе на денешната владина седница.

Адеми истакна дека овие барања ќе бидат пренесени во Влада на денешната седница, каде се очекува да се усвои предлогот на министерството за покачување на платите.

Синдикалците се убедени дека покачувањето може да биде повисоко од 10%, и сакаат да стапи во сила на почетокот на следната година а не во април.

СОНК се уште не одлучил дали ќе го прифатат зголемувањето од 10% или не. Велат дека кон крајот на неделата ќе излезат со став.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни