Наташа и Кристина Беквалац наводно од септември ќе започнат да работат на нова шоу програма.
Приватниот живот на поп ѕвездата и нејзината поширока фамилија наскоро би можело да биде прикажан на широкиот аудиториум.
Според наводите, за нејзиниот живот наводно се заинтересирала позната продуцентска куќа која сака да сними реално шоу каде би можеле да се видат сите детали од животот на Беквалац зад камерите.
„Наташа и нејзината сестра Кристина со ентузијазам ја прифатија оваа идеја, бидејќи тие самите сакаат некои од светски познатите реални шоу-а. Добро е познато колку е духовита Ната во медиумите, а изјавите што таа ги дава со години се апсолутно популарни“ – започнува изворот и додава:
„Идејата за реалното шоу, чиј работен наслов е „Беквалчева“, е именувана по нејзиниот профил на Инстаграм, и дојде благодарение на честите шеги и духовити ситуации што Наташа ги споделува со своите следбеници на оваа социјална мрежа во форма на снимки или фотографии“.
Изворот додава дека во оваа програма ќе учествуваат сите членови на поширокото семејство на Беквалац.
Останува да видиме дали навистина овој проект ќе се реализира.
