Балкан

НАТО е подготвен да распореди повеќе војници на Косово

НАТО е подготвен да распореди повеќе војници на Косово

НАТО е подготвен да распореди повеќе војници на Косово за да го задуши насилството во етнички поларизираниот север на земјата. Ова го увери генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој потврди дека на пат се првите засилувања од 700 војници. Немирите на северот на Косово се интензивираа откако на изборите во регионот со мнозинско српско население беа избрани градоначалници кои се етнички Албанци.

Од Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека останува на своите зборови за Косово од понеделник . Потоа тој напиша пред камерата по неговиот меч од првото коло на Ролан Гарос: „ Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“.

По многуте опомени кон него, Меѓународната тениска асоцијација соопшти дека на Ѓоковиќ не му се заканува казна ниту од Французите, ниту од Меѓународната тениска федерација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни